(ФОТО) Кумановци очекуваат добра забава и добивки од Лото 7

Поголеми добивки, поинтересна игра и повеќе забава очекуваат кумановци од новата игра на Државната лотарија, насловена Лото 7. Од продажното место Среќна куќичка, која се наоѓа на градскиот плоштад во Куманово истакнаа дека е голем интересот за новото лото ливче.

Кумановци очекуваат  поголеми добивки, поинтересна игра и повеќе забава од новата игра која ја пласираше Државната лотарија насловена Лото 7.

Од продажното место Среќна куќичка, која се наоѓа на градскиот плоштад во Куманово истакнаа дека е голем интересот за новото лото ливче.

Редовните како и новите лото играчи, редовно уплаќаат исти комбинации, а некои играат системи. Коментарите се дека играта е поинтересно, откако се чека да се падне и црвеното топче за да ги зголеми добивките.

-Наидуваме на позитивни реакции затоа што се јавува како новина во самиот град и една мала промена од Државната лотарија на Македонија. Лото 7 има предност во тоа што ливчето кое го нуди има можност за обележување на скратени системи. Сега се поголеми можностите за добивка на 4-ки, 5-ки и 6-ки, а зошто да не и 7-ка. Сега е многу поинтересно и повозбудливо, па затоа им порачуваме на нашите лото играчи повеќе да уплаќаат и да се надеваме на повозбудлива игра, забава и бројни добивки, зошто да не и 7-ката да биде во Куманово-изјави Ангела Антевска, од продажното место Среќна куќичка во Куманово.

Игрите Лото 7 и Џокер може да се уплатат на кое било уплатно место на Државната лотарија ширум земјата. Уплатата на една лото комбинација од седум броеви, останува иста 20 денари, исто како и уплатата на еден џокер број.

Терминот на извлекувањето на Лото 7 е секоја среда и сабота во 20 часот, на Канал 5 телевизија. Да се надеваме дека првата 7-ка ќе се падне во нашиот град и дека некој наш сограѓанин ќе застане под среќна ѕвезда.

Коментари

коментар(и)