Македонскиот голман, кумановецот Столе Димитриевски доби место во идеалниот тим на второто коло на 16. Европско првенство.
Димитриевски го заработи местото до Кристијано Роналдо, Гарет Бејл и многу други истакнати фудбалери.
Чуварот на мрежата на Македонија имаше одличен настап во поразот од Украина од 2-1, во кој имаше неколку феноменални интервенции меѓу кои и одбранетиот пенал на Руслан Малиновски.