Општина Куманово денеска ја посети Едвард Гонзалес, директор за генерален развој на УСАИД , при што се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.
На средбата разговарале за досегашните заеднички проекти кои што биле имплементирани во Куманово, но и за идните.
-Разговаравме на различни теми, за можните идни соработки и секако користејќи ги досега позитивните пракси, ќе продолжиме со таа несебична соработка од двете страни, разговаравме на тема за јакнење на капацитетите на општината и дополнителна реализација на можни проекти за оспособување на тимови, едукација како би можеле да ги следиме трендовите во делот на сите апликации при апшлицирање и искористување на европските фондови и други видови на можни донации, грантови и помош кои ќе следат во следниот период при нашиот евроатланскиот интегративен процес на државата-нагласи Димитриевски.
Претставникот на УСАИД посочи дека задоволен што со кумановскиот градоначалник и неговиот тим разговара за предизвиците и развојните можности на градот.
-УСАИД е посветена кон поддршката за развојните можности кои постојат во Северна Македонија, разгледуваме повеќе можности за партнерство со општините за да можеме да ги поддржиме добрите идеи како оние кои ги има градоначалникот на Куманово за подобрување на животот во заедницата и на граѓаните во оваа општина, изјави Гонзалес.
Двете страни се согласија да продолжи соработката, а посебно ќе се стави акцент во делот на зајакнување на капацитетите на тимовите од општината кои ќе работат при аплицирање на самите проекти.