ФОТО: Се одржа изложба на расни кучиња

Во организација на кинолошкото друштво Кинолог Куманово, а во соработката со Кинолошкиот сојуз на Македонија, викендов се одржа четвртата државна изложба на расни кучиња. На изложбата која се одржа на спортските терени на градскиот кеј, оценувањето го спроведоа реномирани кинолошки судии од државата. Организаторите истакнаа дека секоја година расте бројот на излагачи.

-Горди сме што имаме толкав број на излагачи и сакам да ви посакам успех денес и понатаму. Сакам да се заблагодарам на нашите спонзори кои ни помогнаа за наградите, Кинолошкиот сојуз на Македонија, награди за најдобрите а исто така и благодараност до општината-истакна Далибор Трајановиќ, организатор.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Куманово, кој истакна благодраност што се крева свеста за раст, развој и негување на домашните миленичиња.

-Воедно преку вас да пренесам порака до сите несовесни граѓани кои што ги земаат своите домашни миленици, а потоа ги оставаат на улица сами на себе си, затоа треба да ги поддржиме сите акции за вдомување на кучиња за да го намалиме бројот на домашните миленици на отворен простор. Општината ќе продолжи во соработка со кинолошкото друштво од куманово да го унапредува и негува растот и развојот на домашните миленици-истакна тој.

Градоначалникот на Куманово информираше и дека се подготвува проект за изградба на шеталиште за домашни миленици, кое ќе се наоѓа на градскиот кеј.  Настанот се реализираше согласно протоколот за зашита од ковид 19.

Коментари

коментар(и)