(ФОТО) Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, денеска одбележа шеесет и една година од своето постоење и 76 години од смртта на козјачкиот херој.

Присутните имаа можност да проследат богата културно уметничка програма, која ја подготвиле учениците заедно со наставниците.

Директорката, Лидија Костиќ истакна дека се горди за резулатите кои што ги постигнале изминатиот период.

-Оваа година сакаме да одбележиме на поинаков начин решивме тоа да биде преку работа на стручни активи. Секој стручен актив имаше задача да подготви свој настап на приредбата односно на денот на патрониот празник. Нашето училиште успешно опстојува 61 година и е препознатливо во општината, државата и пошироко, индивидуално, групно. Работиме со учениците и наставниците на многу проекти, веќе имаме многу партнер училишта од државата и од европските држави.

На манифестацијата присуствуваа претставници од општината, секторот за образование, советот, училиштата, родители и бројни ученици. Училиштето Христијан Карпош го посетуваат над 1200 ученици и со тоа истото е најбројно во општината.

Коментари

коментар(и)