„Фрагменти од светот на жената“ на уметницата Деа Салихи

„Фрагменти од светот на жената“ е прва самостојна изложба на кумановската уметница Деа Салихи која ќе биде отворена вечерва во уметничката галерија при НУ Музеј Куманово, со почеток во 19 часот. Ќе бидат изложени 20 ликовни дела, работени во различни ликовни техники на сликарство, графика и скулптура.

Салихи е родена 1997 година во Куманово. Дипломирала сликарство во 2020 година на Факултетот за ликовна уметност во Тетово, во класот на Проф.Решат Амети. Учествувала на повеќе групни изложби и ликовни колонии. Живее и работи како слободен уметник во Куманово и Тетово.

Изложбата ќе биде поставена до 15 септември годинава.

Коментари

коментар(и)