Се враќа некогашниот, автентичен изглед на „Хотел Солун“. Во тек е реновирање на внатрешноста во приземјето на зградата. Инаку, овој проект се финансира од ЕУ, преку СБС програмата за меѓугранична соработка, што Општина Куманово го реализира заедно со Општина Дупница, од Република Бугарија. За објектот се издвоени 220.000 евра со што ќе бидат опфатени конзервација, реставрација, санација и адаптација, но и опрема на просториите со мебел. После шест месеци, градската куќа може да се користи за повеќе намени, на пример во него да се сместат невладини организации, може да прерасне и во туристички центар на Куманово, а конечната одлука ќе ја има кумановската општина.