Хуманитарен настан на „Лајонс клуб “ Куманово

Со организирање „Чваркаријада“ , кумановскиот Лајонс клуб изминатиот викенд го одбележа десетгодишното  функционирање на ниво на општината. На хуманитарниот настан што се одржа во Грација присуствуваа и членови на Лајонс клуб од Македонија. Средставата кои што беа собрани на манифестацијата ќе бидат наменети за слепите лица и за лицата со интелектуална попреченост Порака наша.

-Покрај многуте хуманитарни акции кои ги реализираме во тековна година со денешната манифестација одбележуваме десет години од постоењето на клубот во Куманово,а воедно на ниво на Македонија,годинава се прославува 20 години,додека во светот 100 години“-изјави Влајко Стојчевски,претседател на „Лајонс клуб“ Куманово.

-Во текот на овие десет години сите членови од Куманово работеа на овие цели.Членовите и претходно се познати во своите средини како промотори на овие вредности,затоа и се дел од клубот,а преку него се овоможува  ширење на овие вредности кои се потребни не само во нашето општество,туку и во светот“-изјави Мирјана Атанасовска, прва претседателка на „Лајонс клуб “ Куманово

Во „Лајонс клуб“ Куманово членуваат 29 лица,кои активно учествуваат во сите хуманитарни акции и акции за заштита на животната средина, додека на ниво на Македонија околу 1.000 членови.

Коментари

коментар(и)