Хуманитарна акција за предвреме родени бебиња

Кумановката Татјана Ангеловска веќе подолг период е вклучена во хуманитарна акција за изработка на плетени октоподи за предвреме родени бебиња, која се спроведува во Република Србија.  Таа за оваа акција дознала  на социјалната мрежа Фејсбук и веднаш започнала да изработува октоподи кои се ставаат во инкубаторот на бебињата. Се верува дека истите им помагаат на бебињата во најкритичниот период.

-Играчките се прават од 100 проценти памук си имаат своја димензија колку треба да биде голема главата, должина на краците се полни со силикон, кој е антиалергиски, се става во инкубатор на бебето и тие се држат со нивното мало раче за кракот на октоподот. Мислат дека се држат за папочната врвца на мајката, така е постабилно во инкубаторот и не ја вади сондата од устата.  Јелена, мајка од Ниш, има предвремено родено бебе и таа прва ја покрена оваа акција. Побара од жена да и сплете си купи играчка, докторите и дозволиле да ја стави во инкубаторот, виделе дека ситацијата со бебето е подобро и така таа побара и за другите бебиња да има. Ние како хумана акција секој ден и доставувавме играчки, кој сака да плете-насочи таа.

Ангеловска, која што е мајка на тринаесетгодишно девојче, би сакала акцијата да се прошири и во нашата држава. Истата освен во Србија се спроведува и во Словенија, а за тоа е потребна дозвола од Одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести во Скопје.

-Ќе изработуваме  и ќе донираме за малите бебиња, засега само јас сум од Македонија се надевам дека ќе се приклучат и други. За сите мајки кои ќе побараат како подарок за своето бебе кое е поголемо излезено од инкубаторот ќе им донираме и на нив по една играчка. Ме поттикна тоа што сум мајка, што ја чекав шест години и сакам да донирам, да бидам хумана за сите мали дечиња, бидејќи многу сакам бебиња-додаде хуманата кумановка.

Таа се надева дека во државата има голем број креативни и хуманитарни жени.

 

Коментари

коментар(и)