Хуманитарна акција на ИПА Регион Куманово

По повод претстојниот ден на полицијата 7-ми мај, ќе се одржи доброволна хуманитарна акција, за собирање на прехранбени производи како и средства за колективна и лична хигиена. Акцијата е предвидена за 6-ти мај, сабота, во период од 10 до 14 часот во ИПА канцеларијата. Донациите ќе се предадат на Црвениот крст за понатамошна дистрибуција на социјално загрозени семејства. Се повикуваат сите членови и пријатели на ИПА Регион Куманово активно да земат учество во планираната хуманитарна акција! Servo per amikeco – Во служба преку пријателство –се вели во соопштението.

Коментари

коментар(и)