Хуманитарна аукција на дела на кумановски академски сликари за лекување на Теодосија

Музеј Куманово во соработка со 18 академски сликари од  градот организира хуманитарна онлајн продажба на уметнички слики, а сите собрани средства ќе одат за лекување на малата Теодосија, која е на лекување во Турција.

Информациите за понудата на уметнички слики и начинот на купопродажба, односно на донирање на средствата се достапни на Фејсбук страницата на Музеј Куманово.

Иницијативата за организирање на оваа хуманитарна акција е заедничка – на музејската установа и на кумановските сликари.

 

Коментари

коментар(и)