ВИДЕО: Хуманитарна трка за малите кумановки Теодосија и Ана

Хуманитарна трка од ревијален карактер ќе се одржи на 27 мај ( сабота) годинава со почеток во 10 часот на булеварот „Октомвриска револуција“. Станува збор за трка по кружна патека, со почеток и крај кај Браво кеј, информираше претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на денешната седница. Трката се организира со цел да им се помогне на семејствата на двете девојчиња од Куманово, Теодосија и Ана кои што боледуваат од сериозна болест, а во моментов и двете се хоспитализирани и се лекуваат во болница во Истанбул, Турција. Според информациите со кои што располага претседателката Ѓорѓиевска, на двете семејства дневно им се потребни по околу 1500 евра, за да ги платат вкупните трошоци за нивниот престој во Турција.

Трката, како што потенцираше Ѓорѓиевска не е од награден карактер, но победникот ќе биде здравјето на двете наши мали сограѓанки.

Ѓорѓиевска очекува масовен одзив на хуманитарната трка бидејќи кумановци биле и се хумани луѓе. Таа ги повика основците, средношколците, студентите, советниците, граѓанските здруженија, спортските клубови, бизнис заедницата, граѓаните, медиумите да дадат свој придонес учествувајќи во трката организирана од Советот на општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)