ЦИД ќе раководи со Младинскиот центар

Со Младинскиот центар во Куманово ќе раководи здружението Центар за интеркултурен дијалог, одлучи комисијата за разгледување и евалуација на пријавите од јавниот повик за избор на младинска организација. Општина Куманово, претходно објави јавен повик, на кој можеа да учествуваат регистрираните организации согласно Законите за здруженија и фондации и за младинско учество и младински политики, со седиште во општина Куманово, евидентирани во регистарот на младински организации и организации за млади, со над петгодишно искуство.

Со одлука на советот, Куманово основаше Младински центар кој преку јавен повик е доделен на управување на младинска организација  во временски период од три години, од февруари 2022 до февруари 2025 година.

Коментари

коментар(и)