Црвен крст со хуманитарен турнир

Општинската организација на Црвен крст Куманово во рамки на годинешниот ЦКА-ПХВ циклус организираше хуманитарен турнир во мал фудбал за сите возрасти. Целта на турнирот беше да се соберат парични средства кои се наменети за финансиска помош и поддршка за лекување на две девојчиња од нашиот град.

Младите кои работат на овој проект насловен како „Продолжи нечиј живот“ турнирот го организираа на начин што се плаќаше котизација за самите учесници, додека пак при самиот турнир имаше поставено штанд на кој секој граѓанин имаше можност доколку сака да донира парични средства.

На турнирот беа пријавени вкупно 12 екипи со различна возраст, а при одржување на истиот сите три дена имаше голем број на посетители што нашата цел беше исполнета, а тоа е покрај собирање на парични средства, идејата беше и да се врати духот на спортскиот комплекс „Соколана“ каде во минатото се организирале голем број на турнири, информираат од општинската организација.

Коментари

коментар(и)