ЦЈЗ: Вакцините против сезонски грип на крајот од месецов

-Центарот за јавно здравје очекува 3.000 вакцини против сезонски грип од МЗ кои ќе бидат бесплатни за лицата во ризични групи, хронични заболувања, возрасни над 65 години, но сите тие вакцини ги очекуваме на крајот на октомври, најверојатно на почетокот на ноември.

ЦЈЗ има предвидено во Планот и комерцијални вакцини кои, исто така не се пристигнати и ги очекуваме на почетокот на ноември.

Што се однесува до вакцините што се бесплатни од МЗ потенцирам дека тие ќе бидат преку матичните лекари, преку „Мој термин“ ќе се организира закажувањето, така да навремено ќе бидат информирани и матичните и населението за пристигнување на вакцините, рече д-р Јадранка Стаменковска, ЦЈЗ Куманово

 

 

Коментари

коментар(и)