Четворица кумановци во новиот парламент

По првичните резултати кои доцна синоќа ги објави Државната изборна комисија,  во втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ освоила 9 пратеници, СДСМ 8, ДУИ 2 и Беса 1.  Од Куманово во новиот парламент е предвидено да седнат четворицa.

Од редовите на СДСМ тоа ќе биде носителот на листата, Оливер Спасовски, кој е генерален секретар на партијата, а место доби и актуелниот претседател на Советот на општината, Максим Димитриевски. Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во собранието повторно ќе останат досегашни пратеници, Зоран Ѓорѓиевски, како и претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ.  Од ДУИ во парламентот влегува Реџаил Исмаиљи од Липково.

Од коалицијата на ВМРО на листата во изборната едница 2 покрај кумановци се и Никола Тодоров, Трајко Вељановски, Жаклина Пешевска, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Јохан Тарчуловски и Весна Дамчевска-Илиевска.  Од СДСМ пак покрај Спасовски и Димитриевски, се наоѓаат и Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Ферид Мухиќ Маја Морочанин, Курто Дудуш и Тања Ковачев.

Според досегашните резулатати довербата на Кумановци на овие избори ја доби СДСМ со 22.216 години додека ВМРО освои 20.677 гласови. Иста е и состојбата во општина Старо Нагоричане и Липково. Во Старо Нагоричане СДСМ освои 967 гласови,а  ВМРО 942. Во Липково состојбата е 773 наспроти 9.

Во останатите општини од изборната единица 2, СДСМ победи во Арачиново и Чучер Сандево, додека ВМРО во Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел и Шуто Оризари.

Коментари

коментар(и)