Четири интервенции бележат кумановските пожарникари изминатиов викенд

Оџак од семејна куќа лоцирана на улицата „Благоје Стефковски – Гојчо“ се запалил во петокот, а во гаснењето учествувале тројца пожарникари кои со едно противпожарно возило интервенирале во период од 11:09 до 11:30 часот.

На улицата „Бајрам Шабани“ пожар избувнал во семеен дом. При оваа интервенција петмина пожарникари со едно возило го гаснеле огнот дваесетина минути.

Во атарот на месноста Стари Лозја горела сува трева. Таму тројца пожарникари го гаснеле пожарот во период од 14:55 до 15:30 часот.

Вработените во Територијалната противпожарна единица бележат и една техничка интервенција. Петмина пожарникари интервенирале на булеварот „3та МУБ“ од 09:30 до 09:45 во саботата, но не е наведено за каква интервенција станува збор.

Коментари

коментар(и)