Чешкиот амбасадор ја посети општината

Амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан денеска ја посети општина Куманово, при што се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски. На средбата тие разговараа на повеќе теми, но клучно е тоа што амбасадорот соопштил дека ќе издвојат средства за изградба на тоалети во училиштето Вера Которка во село Клечовце. Градоначалникот нагласи дека соработката со оваа амбасада е на највисоко ниво.

-Ќе ја искористиме и оваа посета заеднички да ја посетиме поранешната спортска сала Соколана бидејќи добив информација од самиот амбасадор дека движењето Соколи токму води потекло од неговата држава и се заинтересирани да го видат овој објект. Се надевам дека во иднина со заеднички сили ќе најдеме одредени решенија за реализација на дополнителни проекти инаку ја добивме целосната нивна во моментот и моралната поддршка во делот на нашите заложби овој објект да го ставиме во функција на граѓаните и да им го вратиме конечно на граѓаните на Куманово-посочи Димитриевски.

Амбасадорот на Чешка истакна дека се надева на успешна соработка.

-Ова е мојата прва посета во Куманово, јас сум овде само 4 месеци во Македонија, ја одбравме општина Куманово како најголема општина во Македонија за наша прва официјална посета и моја прва посета како дипломат не само заради тоа што е најголема општина туку и затоа што досега имаме остварено голема сорабтока со општината и се надевам дека оваа сорабтока ќе продолжи и понатаму-нагласи Томан.

Ова е прва посета на локална самоуправа на новиот амбасадор на Република Чешка во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)