„Човек, ѕвер и доблест“ на Денови на комедија

Љубителите на театарската уметност имаа можност да ја проследат претставата Човек, ѕвер и доблест во рамки  на 23-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, во изведба на Театар Комедија од Скопје.  Станува збор за претстава по текстот на Луиџи Пирандело, а во режија на Егон Савин. Семејната драма пред кумановци ја изведоа Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски,   Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Кристина Ласовска, Тони Денковски, Жаклина Стевковска и Ева Скендеровска. Актерите кои настапуваат прв пат во затворен простор, по почетокот на пандемијата, велат дека уживале во изведбата.  Тие се надеваат дека наскоро ќе се намине состојбата со коронавирусот, и дека публиката повторно ќе се врати во салите.

-Морам да кажам дека тоа чувство кога си внатре во сала, навистина на штиците што значат живот навистина тоа за нас значи живот. Успеавме да живееме туѓи животи околу саат и пол, времето е тешко, публиката седи на дистанца, се чувствуваат тие празни делови кај публиката но кога ќе се создаде таа кохезија и кај нас и кај нив тие празни места едноставно се потполнуваат со енергија што е од околу. Ние уживавме мислам и публиката-истакна Жарко Димоски, актер.

-Ние ја знаеме оваа претстава, сме ја играле повеќе од десет пати таа си има некој свој живот, некогаш е подобра некогаш е полоша, но тоа само ние го знаеме, чувството што го префрламе во публиката мислам дека е секогаш исто, мислам дека публиката и денеска уживаше, малку потивко ги слушавме како се смеат но дека се под маски, но мислам дека сепак добро помина според аплаузот-нагласи Атанас Атанасовски, актер.

-Да честитам на организаторите и раководството на Центарот за култура што собраа храброст во овие услови на пандемија да го организираат беспрекорно. Колку што јас сум информиран протоколите беа изготвени на време до сите нас учесници доставени за да можеме ние да бидеме безбедни и навистина бевме цело време. Јас сум пресреќен кога се враќаме полека во театарот, многу е тешко немате 600 гледачи туку 100 според дистанца-посочи Сашо Ристовски, директор Театар комедија Скопје.

Надлежните од Центарот за култура информираа дека вечерва кумановци ќе имаат можност да ја проследат претставата Женски разговори од Театар Славија од Белград.

-Ние сме презадоволни од театарските претстави од одѕивот на публиката од тоа што направивме ваква организација. Сакам да ги пофалам сите вработени во Центарот за култура кои се погрижија да имаме ваква организација во овие услови на пандемија да се одржи овој фестивал за вечерашната претстава публиката нека каже со нејзиниот аплауз како и се допаѓа-истакна директорот на Центарот за култура Куманово, Сашо Тодоровски.

Фестивалот во петок ќе го затвори комедијата Солдат на кумановскиот театар.

Коментари

коментар(и)