Шестмина новозаболени кумановци, 183 нови случаи во земјава

183 нови случаи на Ковид-19 во земјава, од нив шестмина новозаболени кумановци во текот на изминатите 24 часа регистрира министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани сe 845 оздравени пациенти од нив, од Куманово се 30.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица, меѓу нив и кумановец на возраст од 65 години.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од Скопје.

Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 3.496.

Во Куманово бројката на активни случаи е 151.

 

Коментари

коментар(и)