Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на шест различни локации. Запалена сува трева и слама гаснеле во липковските села Матејче и Лојане, а борова шума горела кај Спомник Костурница. Пожарникарите интревенирале и во близина на депонијата Краста на запалено стрниште, а на булеварот „Октомвриска револуција“ имале интервенција на отворање на стан, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.