Штрајк во училиштата и градинките од 11 април

Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК) ќе почне со генерален штрајк од 11 април, соопшти претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.

Училиштата и градинките нема да работат од 11 април, па се до исполнување на барањата на СОНК за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.

Владата претходно соопшти дека ќе продолжи континуираниот дијалог, се додека не се најде конечно решение за зголемување на вработените во образовниот сектор, по средбата со претставниците на СОНК.

Синдикатот за образование бара зголемување на платите во образованието и во градинките од март  за најмалку 18%. Според СОНК, доколку во градинката платата била околу 25 илјади денари, реалната плата во март би била околу 30 илјади.

Овој процент на покачување на платите  би се применувал и во основното и средното образование

Коментари

коментар(и)