Ѓорѓиевски: На изборите победија граѓаните

На овие избори победија граѓаните на РМ кои покажаа европски сенс, политичка култура, политичка зрелост.  На организираните предвремени парламентарни избори граѓаните покажаа дека македонецот знае достоинствено да гласа, рече на денешната пресконференција Зоран Ѓорѓиевски, реизбраниот пратеник од Куманово. Тој се заблагодари на сите граѓани кои што ја дале довербата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ со заокружување на бројот еден на предвремените парламентарни избори.

-Се обврзуваме дека во претстојниот период во името на нашата партија и како пратеник од Куманово дека и понатаму ќе ги застапуваме интересите на граѓаните на РМ , пред се на граѓаните од Куманово, и за сите граѓани да бидат во што подобри услови  оние работи кои што ветивме да ги завршиме. Голема благодарност и до оние граѓани кои не ни ја дадоа довербата на овие избори , меѓутоа нивното не гласање за нас, ќе го сфатиме како опомена во нашата работа да бидеме подобри и поодговорни во наредниот период, изјави Зоран Ѓорѓиевски, ОК ВМРО ДПМНЕ , Куманово

Ѓорѓиевски потенцира дека Куманово може да се гордее со граѓани кои што биле свесни за тежината на овој избирачки процес, за одговорноста пред која била РМ и на највисоко ниво ја покажале  својата зрелост.

Коментари

коментар(и)