Јавен повик за проектот за енергетска ефикасност

Преку проектот за енергетска ефикасност, енергетски ќе бидат заштитени зградите во централното градско подрачје чии што станари 100 процентно се одлучиле да ги променат  прозорците и балконските врати за да дојде до израз фасадата и кровната конструкција. Исто така еден од условите е и регулирана сопственост на становите која заинтересираните во изминатиот период  можеа да ја завршат преку постапката за приватизација, вели Горан Митевски од Секторот за евроинтеграции. Станарите кои сакаат да се вклучат во проектот  може да ги достават потребните документи кои се наведени во јавниот повик објавен од надлежната општинска комисија . Повикот ќе трае до 02 септември.

– Би требало сите управители или претставници на куќните совети или како во законот се дефинирани да поднесат барање, да пополнат пријава во архивот на општина  Куманово  и да ги приложат документите кои што се дефинирани со јавниот повик односно согласноста од станарите да се наведе,  општината обезбедува нотарска заверка на согласностите, нотарот кој што е во општината ќе биде задолжен да ги реализира и потврди таквите согласности од станарите, Хабитат на одобрените и од учесниците во проектот ќе организира изработка на техничка документација , изјави Горан Митевски од Сектор за евроинтергации

Проектот е во реализација на Здружението за хумано домување „Хабитат“ со учество на општината во реконструкција на заедничкиот простор на станарите, односно фасадите и кровната конструкција.

-Останатиот дел од сумата кој што ќе биде дефиниран од страна на станарите ќе го враќаат на десет години на Хабитата со 1 процент камата, уште еден детал многу битен станарите да знаат дека нема ни општината ниту Хабитат да се мешаат во одлучувањето на изведувачите на работите. Нивна работа е да си обезбедат најповолна понуда за столарија и најдобра за нив прифатлива, улогата на Хабитат ќе биде само да се провери дали е тоа сериозна понуда , да не е некоја игра на понудувачите, изјави Митевски.

Митевски појаснува дека кога ќе се затвори финансовата конструкција, од таа сума 20 проценти ќе бидат учество на општината, а останатиот дел ќе  се дели на рати, на 10 години со 1 процент камата. Проектот е актуелен веќе 3 години, а досега се завршени фасадите на станбен објект на улицата „Ленинова“  и на зградата на градскиот плоштад. Третата е во завршна фаза. Надлежните очекуваат на јавниот повик да се пријават поголем број станари за да се зголеми бројот на станбените објекти кои ќе бидат дел од проектот за енергетска  ефикасност.

Коментари

коментар(и)