Јасмина Тодоровска – успешна млада пензионерка

 Новинарката Јасмина Тодоровска се врати со сребрен медал од 21-те Републички  спортски натпревари одржани во  Радовиш. Младата пензионерка  учествува на речиси сите спортски олимпијади и секогаш во најдобро светло го претставува  кумановското здружение на пензионери во кое што членува повеќе од 4 години, а последниве три години активно е вклучена во спортските активности. На традиционалната манифестација настапиле вкупно 38 членови на здружението од Куманово во 13 дисциплини.

-За мене ова признание значи многу затоа што имам големо искуство во натреварувањето посебно во атлетските дисциплини, годинава за малку ми потрфли спорската среќа, освоив второ место, но и покрај се гордо се искачив на пиедесталот и се чувствувам и среќна и радосна затоа што ова ми е четврт медал по ред, учествувам на скоро на сите олимпијади. Имам два медали бронзени во дисциплината двобој и две медали во трчање на 60 метри до 60 години, изјави Јасмина Тодоровска, пензионер

Републичките спортски натпревари се организираа  во чест на 70 години од пензионерското организирање во Македонија и 25 години од независноста на нашата држава.

– Златен медал во дисциплината фрлање на ѓуле освои Блаже Станојков, сребрен Јасмина Тодоровска во дисциплината трчање на 60 метри до 60 госдини, Стојна Вељковиќ освои сребрен медал во дисциплината домино, ко и членовите на фудбалската екипа шутирање на мали голчиња во состав Јовица Ванчовски, Драган Пановски, Војче Крстевски и Бранко Малековски се закитија со бронзен медал. Годинава кумановското здружение на пензионери го освои четвртото место во вкупниот пласман . Годинава конкуренцијата беше многу голема , но сепак задоволни сме од постигнатото, изјави Јасмина Тодоровска, пензионер.

Со спортската манифестација во Радовиш завршува тренингот на пензионерите од Куманово за годинава. Останува уште кон крајот на декември да се организира спортско-забавна вечер на која ќе бидат прогласени победниците во спортските натпревари и доделени благодарници од името на здружението на пензионерите од Куманово.

Коментари

коментар(и)