Јовановиќ: Враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите

„Над десет милиони евра вративме кај над 300.000 корисници на Мој ДДВ“, рече на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник, Мирослав Јовановиќ од коалицијата „Можеме“. Тој додаде дека лимитот допрва ќе се зголеми со новата програма.

Моделот за враќање пари кај граѓаните се покажа како успешен, вели Јовановиќ, додавајќи дека преку проектот Мој ДДВ за три квартали се вратени 10,7 милиони евра кај граѓаните, а со тоа е подобрена и наплатата на ДДВ во буџетот.

– Со оваа мерка за прв пат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните, а апликацијата ја користат над 300.000 наши граѓани. Во новата програма за следниот четиригодишен мандат предвидуваме враќање на уште повеќе пари назад кај граѓаните и компаниите. Го зголемуваме лимитот за повратот на ДДВ кон граѓаните, од 600 на 800 денари месечно. Тоа се 2.400 денари за поединец за тромесечие односно 9.600 денари годишно. Тоа се пари плус во семејниот буџет, кои граѓаните ќе ги вратат назад во домашната економија, рече Мирослав Јовановиќ, кандидат за пратеник

Двојата улога на мерката, како што рече Јовановиќ, дава одлични резултати. Се враќаат повеќе пари кај граѓаните, но и повеќе влегуваат пари во Буџетот кои преку редистрибутивните механизми повторно се враќаат кај граѓаните или компаниите.

– Додека СДСМ е насочена кон враќање на што повеќе пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон враќање на режимот кој ги крадеше парите од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ беше против проектот Мој ДДВ, против тоа над 10 милиони евра да се враќаат кај граѓаните. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, затоа беа против Мој ДДВ, против посиоки плати и пензии, рече Јовановиќ.

Јовановиќ додаде дека на 15 јули граѓаните ќе изберат парите да завршуваат во нивните семејни буџети, а не во, како што рече белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коментари

коментар(и)