ЈП „Водовод“ интервенира на шест локации во градот

Шест локации во градот поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа денеска ќе бидат без вода.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефект на водоводна цевка, прекини во снабдување со вода денеска ќе има на улицата „Ратко Митровиќ“, месноста викана Бавчи, Средорек и улицата „Гоце Делчев“.

Поради изведба на водоводна шахта за монтажа на опрема за мониторинг на водоводна мрежа прекини во водоснабдувањето ќе има на улицата „Братство и единство“.

Без вода ќе бидат и корисниците од улицата „Никола Тесла“ од број 130 до 140 поради реконструкција на водоводна мрежа.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и се очекува отстранување на прекините, се вели во дневниот билтен на РЦУК.

Коментари

коментар(и)