Југослав Спасиќ меѓу „НајООР наставници за 2020“

На Конкурсот за најдобри наставници во државата за отворени образовни ресурси за годинава, професорот по физичко и здравствено образование Југослав Спасиќ и помошник директор во основното училиште „Крсте Мисирков“ се најде на второто место со вкупно освоени 91.7 бода. На конкурсот  што го распишува Фондацијата Метаморфозис, Спасиќ се пријавил со видео презентации коишто ги креирал  за наставните содржини по физичкото и здравствено образование, а ги поставува бесплатно на јутуб каналот Спортски педагози Куманово.

-Се роди некако идејата кај мене и во разговор со моите колеги кои не себично ми помагаат во снимањето на овие видеа да изработиме нешто што ќе биде навистина според сите научно- методолшки стандарди и принципи за изведување на настава по физичко, а тоа да биде онлајн, значи да понудиме еден квалитет, одржливост, разработливост , целата програма ја разработивме во планирања, сите планирања во методски единици како што треба да се изведе еден час и тоа беше првиот мотив да се реализирааат овие видеа, а дури потоа видовме дека има Конкурс. Некако сакавме да бидеме во друштво на тие креативни, не себични наставници, доброманерни, што навистина своите трудови, своите часови сакаат да ги споделат со сите наставници и родители. Нормално, на сите им годи што сме изберени или поточно јас како автор, да речам на тие материјали и на тие видеа за најдобар наставник со образовни ресурси, изјави Југослав Спасиќ , професор по физичко и здравствено образование

Бесплатните четириесетина видеа јавно се достапни 24 часа, а што се однесува до материјалот кој е потребен за наставниците, во смисла на програма, потребни планирања на месечно, на тематско ниво, вели Спасиќ , може да се најде на неговиот личен блог  – Југослав спорт и слободно може да го превземе,  да се модифицира спрема условите  и потребите на различни училишта, различна поставеност, рурална средина , поголем број на ученици, комбинирани паралелки и слично.

-Почнав со снимање на класично видео на почеток , но потоа,  бидејќи видовме дека е потребна интеракција, како навистина да го доближиме физичкото образоавние до учениците тоа, со овој уред, една  мала камера која овозможува снимање во круг од 360 степени , 180 степени горе-доле, впрочем, ние успеавме да го донесеме ученикот овде кај нас во сала или да му се приближиме кај него, настава од дома или настава на отворено. Од контактите што ги имам,  знам дека видеата ги пренесуваат, употребуваат и применуваат наставници ширум нашата држава, учениците ги гледаат, можат да ги применуваат и вон наставата, има вежби за десетминутен одмор во ден кога немаат физичко образование, да имаат раздвижување на телото, структурирано има за одделенска настава бидејќи 4 и 5 одделение се хедикепирани од тоа што имаат онлајн настава, а немаат ни наставник по физичко, во 1, 2 и 3 одделение барем има тандем наставник и за нив изготвуваме часови по физичко, изјави Спасиќ.

Освен за потребите на основните, Спасиќ снима видео презентации и за средните училишта, а почнувајќи од второто полугодие планира секое видео да се направи со превод.

-Тоа дека ќе биде на англиски, а самиот јутуб или гугл ќе ги преведува на било кој јазик , односно ќе можат сите наставници кои што изведуваат настава на друг мајчин јазик на јазик различен од македонскиот да ги применуваат  што всушност е и повикот овде на отворени образовни ресурси,  на почетокот во конкурсот тоа гласи.

И уште нешто, на тој начин ќе можат децата со посебни образовни потреби или родителите да го разберат едукативниот дел што наставникот објаснува, зборува, а со самата виртуелна ротација, ако ги носат оние очила каде што се вметнува телефонот ќе можат виртуелно да се присутни во салата и истата вежба да ја видат  како се изведува однапред, како изгледа од задната страна, како изгледа од страна, како изгледа во некое пониско, почетно ниво, како се напредува во средното и високо , изјави Спасиќ.

Најдобрите наставници ќе добијат лаптоп и смарт табла за училиштето.

Коментари

коментар(и)