Ќе биде поднесен соодветен поднесок против кумановски пратеник

МВР соопштува дека на 06.04.2017 година околу 01:00 часот во СВР Куманово телефонски се јавило лицето М.Б. – вработен во ресторан „Палас“ лоциран во населбата Вера Которка – Куманово и пријавило нарушување на Јавен ред и мир. Веднаш потоа лицето З.А. телефонски пријавил дека во наведениот ресторан, неговиот син В.А. физички бил нападнат од страна на лицето М.Д. од Куманово – пратеник во Собранието на Република Македонија, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето при што му нанел видливи повреди.

Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала истиот се упатил кон орекстарот за да праша зошто запреле и му се приближило лицето М.Д. кој исто така бил на семејна прослава и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди.

При преземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот.

Пријавениот настан е расчистен и против сторителот М.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во сооштението од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)