Ќе се асфалтира патот Романовце- Пчиња

Ќе се асфалтира патот Романовце-Пчиња. Претставници на месните заедници денеска на состанок во градежната компанија Бетон во Скопје добиле ветување од надлежните дека ќе се реши повеќедеценискиот проблем. За да се асфалтира патот поради кој мештаните неодамна протестираа првин треба да се изработи проект. Договорено е тоа да го направи фирмата  Бетон, а потоа да се обезбедат потребните дозволи  вели претседателот на месната заедница „Пчиња“ – Дејан Трендевски. Екипи од компанијата веќе се на терен, а ќе биде вклучен и системот за наводнување кој  ќе ги прска земјоделските култури во селата. Во меѓувреме, блокадата на патот е стопирана. Инаку, жителите бараат асфалтирање на патот бидејќи правот кој се крева од товарните возила кои од асфалтната база на Бетон заминуваат кон каменоломот Краста , завршува на земјоделските површини и култури.

– И ние имаме штета од овој пат, од самите камиони на камелоните што работат таму, штетите се на земјоделските култури, кои се загадуваат од прашината, тука има грозје, сончоглед, пипер, и сакаме патот да се асфалтира, да се заштити, за да не се оштетуваат земјоделските површини- Дејан Трендевски претседател на месна заедница Пчиња.

Иако патот го користат повеќе фирми,надлежните од Бетон ветиле дека ќе го решат проблемот.

-Волја за решавање на проблемот постои така што мислам дека во скоро време ќе се направи некаков договор, за сите да имаме добро-изјави претставникот од Бетон Скопје, Коста Глигориевски.

Мештаните се надеваат дека  ветувањето ќе биде исполнето, во спротивно блокадата ќе биде активирана.

 

 

Коментари

коментар(и)