Ќе се доградува градинката „Синоличка„

Објектот „Синоличка“  ќе биде проширена со дополнителни две простории  јаслена и хетерогена градинска група наменети исклучиво за децата од албанска етничка заедница, потенцираше директорката на детската градинка „Ангел Шајче“ , Марина Алексовска , на денешната седница одговарајќи на прашањето на советникот Осама Муадини од Алијансата на Албанците колкава ќе биде застапеноста на децата од албанска националност во новите простории.

-Во дворот на градинката ќе се доградат две простории по проект кој е изработен во 2010 година, а ќе овозможи проширување на капацитетите на градинката. Во градинката ќе бидат сместени две групи на дечиња, една група јасли и една градинска, деца исклучиво  од албанска националност. Вкупно 40 деца, 15 деца во јаслена група, 25 деца во градинска група, изјави Марина Алексовска, директор на детска градинка „Ангел Шајче“

Директорката Алексовска појасни  дека во наредниот период се планира отворање и на нови градинки, а според плановите на градоначалникот на општина Куманово градинка ќе се отвори и во месната заедница „Бајрам Шабани“.

Инаку, советниците денеска донесоа одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објектот „Синоличка“ на детската градинка „Ангел Шајче“ во близина на Градскиот стадион.

Коментари

коментар(и)