Ќе се продолжи булеварот „Октомвриска револуција“

Завршена е експропријацијата на земјиштето околу улицата „Братство и Единство“ во Куманово, во тек е подготовка на проектна документација и создадени се услови за продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за комунални дејности.

Општина Куманово претходните години изгради атмосферска канализација на оваа улица од меѓуградската автобуска станица долж стариот градски парк, преку прекуграничен проект со општина Гњилане. Продолжувањето на булеварот, според надлежните ќе го реши сообраќајниот метеж во градот

Коментари

коментар(и)