Ќе се реконструираат пет училишта

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, заедно со претставници од Министерството за образование и наука и директорите на општински основни училишта, потпиша трипартитен договор за изработка и ревизија на проектно-техничка документација за рехабилитација на општинските основни училишта: „Толи Зордумис”, „11 Октомври”, „Христијан Карпош”, „Вук Караџиќ” и „Браќа Рибар”.

Согласно договорот ќе биде извршена реконструкција на училишните фасади, пристапни рампи и тоалети за деца со посебни потреби. Продолжуваме со обнова на училиштата и реализација на проекти во доменот на образованието како еден од столбовите на нашето општество-напиша на Фејзбук, Димитриевски.

Коментари

коментар(и)