Ќе се реконструира и зградата на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Пчиња

Ќе се реконструира училишната зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња. За реконструкцијата на објектот општината одвои над еден милион денари.  Надлежните очекуваат со санацијата да се унапреди наставниот процес. Во подрачното училиште во село Пчиња, настава следат 65 ученици од прво до деветто одделение во физичко присуство.  Во училиштето има и ученици од село Студена Бара и Вак’в кои следат настава од шесто до деветто одделение. Училишната зграда е изграден во далечната 1927/28 година, а 1955/56 година назначено е за осумгодишно училиште.

Коментари

коментар(и)