Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши тендерската постапка за реконструкција на регионалниот патен правец од селото Ропаљце до селото Матјче во Општина Липково.
Договор е склучен минатиот месец со фирмата „Жикол“ од Струмица, за што ЈПДП ќе издвои вкупно 1,7 милиони евра или 106.170.466 денари со вклучен ДДВ.
Договорот е во времетраење од 36 месеци.