Ќе соработуваат паркинг претпријатијата на Куманово и Општина Центар

Јавните  претпријатија „Паркинг“ од Куманово и „Паркинзи“ од Општина Центар денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта на меморандумот е да се продлабочи соработката, и на тој начин да се подобри начинот на функционирање  на двете јавни претпријатија, кои се занимаваат со проблематиката околу организирање на паркирањето во Општина Куманово и Општина Центар.

-Нашата соработка е започната пред 2 години заеднички патуваме на разни семинари, обуки што ги имавме досега, настани, денеска ставаме круна на соработката и го потпишавме овој меморандум за соработка меѓу двете јавни претпријатија што ми дава надеж дека соработката освен со општина Центар ќе продолжи со сите други општини на ниво на државата, почнувајќи од Центар, Тетово, Гостивар, Струмица-изјави директорот на ЈП Паркинг Фадиљ Шабани.

Целта на овој меморандум е и да се влијае врз подигнување на совеста за безбедноста во јавниот сообраќај и заштита на животната средина.

-Во нареден период ќе заземеме и некои наши ставови како две јавни претпаријатија но и некои други од државата, да успееме да ги подобриме условите за паркирање во сите општини низ цела Макеоднија и така да го подобриме начинот на функционирање и движењето во сообраќајот на граѓаните кои живеат во нашата општина. Мислам дека имаме многу работи кои треба да ги размениме и искуства така што не дека тоа не сме го правеле во изминатиот период само сега планираме да биде поинтензивно- нагласи Саша Богдановиќ, директор на ЈП Паркинзи од Општина Центар.

Директорот Шабани најави дека во иднина планираат да формираат Здружение на паркинзи на Република Македонија, со цел подобрување на работата, при тоа почитувајќи ги позитивните законски и подзаконски акти.

 

 

Коментари

коментар(и)