1.543 заразени со коронавирус согласно вчерашните податоци

Согласно вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи на Ковид-19, од нив 81 новозаболено лице од Куманово.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција.

Евидентирани се околу 2.000 оздравени пациенти, од кои e 56 кумановци.

Во вчерашниот билтен беа регистрирани и 18 починати лица, меѓу нив и граѓанин на Куманово на 83 гоидшна возраст.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 8 починати лица,

Бројот на активни случаи во државата изнесува 14.336, а во Куманово 610.

 

 

Коментари

коментар(и)