10 Декември-Меѓународен ден на човекови права

Иако Македонија е потписничка на повеќе меѓународни конвенции, сепак  постои прекршување на човековите права во одредени области, рече заменик народниот правобранител Насер Весељи по повод 10 Декември, меѓународниот ден на човековите права. Но, токму поради тоа и постои канцеларијата на народниот правобранител за да можат граѓаните да достават претставки и да им се помогне во остварувањето на нивните права. Иако изминативе години на прво место беше непочитувањето на правата на граѓаните во областа на судството, полицијата и урбанизмот, во последно време  е ставен акцент на прекршувањето на правата на граѓаните во областа на финансии и царина.

-Ние во последно време имаме повеќе прекршување на потрошувачките права, пред се се однесуваат долговите на граѓаните кон ЕВН, оваа година веќе не е тоа, кај мене во канцеларијата се финансии и царина и тоа во рамките на радиодифузна такса, граѓаните имаат многу големи со РДТ, за таму можам да кажам дека таму несериозно се однесуваат кога станува збор за РДТ, има случаи кога на пет членови од семејството кои живеат на иста адреса им пристигнува да платат РДТ, изјави Насер Весељи, заменик народен правобранител

Непочитување на човековите права има и во областа на социјалната сигурност и заштита.

-Сега се појавува нов проблем, на граѓаните од ранливи категории им беше опростен долгот, меѓутоа тоа многу споро оди, граѓаните се во неизвесност, имаат некое известување од комисијата на министерствто за труд дека долгот е отпишан, но тие велат дека нема ништо од тоа, веројатно поради бавноста на постапката. Сигурен сум дека тие лица ќе ги остварат правата, но неизвесноста на граѓаните и финансиската несигурност и страв кај граѓаните веќе претставува прекршување на тоа право. Што се однесува до центарот за социјална работа граѓанинот остварува или му се укинува некое право го остварува правото на социјална парична помош, прима неколу месеци некогаш и пократко и дури тогаш добива решение дека му се укинува правото, граѓаните немаат можност да ги користат правните леков , изјави Весели.

Регионалната канцеларијата на народниот правобранител во Куманово функционира од 2004-та година. Граѓаните своите поплаки во врска со прекршување на некое право можат да ги доставуваат секој работен ден.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)