Денеска се одбележуваат 101 година од раѓањето на народниот херој на Македонија, Христијан Тодоровски – Карпош.
Тој е роден на 3 септември 1921 година во Куманово.
Во 1941 година учествувал во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот „Дедо Иван”, што го издавала градската партиска организација. Исто така, учествувал во подготовките на Првиот кумановски партизански одред и бил член на Штабот на одредот.
Загинал во селото Билјача, на 7 февруари 1944 година.