Општински совет за превенција на детско престапништво

Еден од членовите на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово да биде припадник на ромската  етничка заедница, побара советникот Самет Салиевски на последната седница на Советот. Според Салиевски, членот би требало да биде од основните училишта во кои што настава следат поголем број ученици од ромска националност.

Раководителот на Секторот за образование Жика Крстевски објасни дека првата фаза од донесувањето на одлуката за формирање на советот за превенција од детско престапништво е донесена на последната седница на советот со која се утврдени субјектите кои треба да партиципираат  во него. Потоа, одлуката донесена  на совет е доставена до сите субјекти,  кои пак предложиле свои претставници кои ќе партиципираат во советот и веројатно тогаш бил направен превид.

-Тоа е нивен избор и не немавме никаво влијание во тоа ниту пак сме сакале да сугерираме. Ова што е реакција сега од советникот Салиевски е умесна, направен е можеби пропуст што не сме барале од некое училиште во кое се реализира настава двојазично, на македонски и на ромски јазик, меѓутоа тоа ќе го исправиме во третата фаза од формирањето и профункционирањето на овој совет кој после оваа седница треба да се конституира, да избере претседател, да подготви програма која треба да ја усвои советот на општината и на таа седница да се кооптира уште еден член Ром за да биде застапена и оваа етничка заедница во овој орган за да не го одолжуваме патот за сите овие документи што треба да се донесат до отпочнување со функција на наведниот совет. Така што го прифаќам овој предлог и мислам дека тоа е решение за овој предлог, рече Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование

По образложението на Крстевски, советниците ја изгласаа предлог – одлуката за именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)