Изложба на „Македонски стрип автори“

Во изложбениот салон на центарот  за култура „Трајко Прокопиев утревечер со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на „Македонски стрип автори“.

Пред кумановската публика ќе бидат претставени делата  на триесетина стрип автори од Куманово, Скопје и Велес, информира Роберт Цветковски, историчар на уметност

Изложбата е организирана во соработка со Македонскиот стрип центар од Велес.

Оваа изложба е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република  Македонија.

Пред кумановската публика ќе бидат претставени следниве стрип автори: Јорданчо Давидовски, Предраг Ѓоргиовски, Мишко Хрдличка, Љупчо Филипов, Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Ване Трајков, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Јана Бутеска, Емилија и Стојче Тоциновски, Јана Илиевска, Стајковци, Лазар Ангелков,Оливер Цветковски, Тоде Блажевски, Илко Стојановски, Александра Ристевски, Андреј Ангелковиќ, Ѓорги Антевски, Елхида Елезовска, Милан Милиќ, Васил Гаврилов, Мирко Бојаџиевски, Александар Стеванов, Катерина Тери Николовска Марија Стојановска.

Стрипот на овие простори беше популарен во периодот од 1970 – 90 година. Поради модерниот пристап кон работите, односно издавање на стрипот во електронска форма, печатениот стрип скоро и да исчезна од јавниот простор.

Поради истите причини, целта на настанот е промоција на македонската стрип култура и стрип автори од Македонија, од различни генерации.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)