„11 Октомври“ го прослави патрониот празник

Во општинското основно училиште„ 11 Октомври “ денеска се одржа завршната манифестација по повод патрониот празник . Присутните имаа можност да проследат  музичко сценска изведба на сегменти од најпознатото дело на  Шекспир „Ромео и Јулија“. Во чест на празникот на училиштето реализирани се повеќе активности. Беше распишан литературен и ликовен конкурс на темата „Шекспир -вечна инспирација“ , под мотото „Знаеме што сме , не знаеме што ќе бидеме“, истакна директорката Елизабета Костадиновска Костиќ.

Основното училиште измината година се вклучи во голем број проекти, а учениците се закитија со повеќе награди на регионални и државни натпревари во повеќе области.

И во ова училиште бројот на запишани ученици од година в година се намалува. Главната причина за тоа е иселувањето од градот. оваа учебна година настава посетуваат 468 ученици .

Инаку, училиштето постои од 1964 година.
Особена карактеристика, по која училиштето се разликува од другите во градот е тоа што отсекогаш во неговиот состав имало ученици од најразлични етнички и културни заедници. Наставата се изведува на македонски јазик во кабинети, во централното  училиште од I до IX одделение и две подрачни училишта , во с. Д. Којнаре и во с. Речица од I до V одделение.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)