11-ти Меѓународен фестивал „Рома труба фест 2016“

На градскиот плоштад во понеделник ќе се отвори 11-от Меѓународен фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест 2016“. Организаторот на фестивалот, ансамблот на народни ромски игри и песни Рушит Шаќир најави дека годинава публиката ќе има можност да проследи настапи на седум дувачки оркестри и пејачи од Македонија и соседна Република Србија.

-Jас секоја година настојувам да бидат присутни сите најголеми оркестри и некои пејачи, ѕвезди во Македoнија. Оваа година се знае тука е Џамбо Агушев, кралот на ромската музика, единасет години е со нас заедно, со него ќе настапи и Стојне Николова, македонска ѕвезда. Тука е Мартија Станојковиќ, Мите Стоилков, Ферус Мустафов и Горан Кукиќ. Од оркестри гости од Србија  ќе бидат Дарко Станковиќ, Исидор Зечировиќ и Саша Павловиќ-нагласи Самет Салиевски, директор на фестивалот.

Тој додаде дека од македонските оркестри освен Џамбо Агушев ќе настапат и Уска Кан Кантуров од Берово, Кемал Асанов од Струмица и Млади таланти од Штип. Манифестацијата, е дел од годишната програма на Секторот за култура за 2016 година и се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на општината. За таа цел од буџетот се одвоени 60.000 денари.

-Оваа традиција која Куманово ја негува благодарение на активноста на ансамблот Рушит Шакири бидејќи овој тип на музика е поблизок до ромската заедница, така што ова друштво кое се занимава со фолклорот на некој начин го етаблира овој фестивал на картата на Македонија и мислам дека едно од попрестижни во регионот, бидејќи во Макеоднија ваков фестивал не се одржува го има во Србија најпознат бренд е Гуча, ова е некоја паралела на таков вид музика-истакна Зоран Дамјановски, градоначалник  на Куманово.

Меѓународниот фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест 2016“ ќе се отвори во 19 часот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)