Во просториите на поранешниот берберски салон „Боро Менков“, во зградата на Занаетчискиот дом, министерството за информатичко општество и администрација ќе отвори центар за услуги насловен „Една точка за услуги за Општина Куманово “ . Деловниот објект, Општина Куманово го дава под закуп во времетраење од десет години на министерството. На последната седница, советниците ја усвоија Предлог – Одлуката за давање на користење на недвижна ствар – сопственост на Општина Куманово на Министерството за информатичко општество и администрација.

„ Деловниот објект целосно ќе биде реновиран од страна на министерството за информатичко општество и администрација, а за возврат на Општина Куманово ќе и биде отстапен простор реновиран, поранешен  интернет клуб лоциран на улицата „Доне Божинов“, односно под зградата ФЗЦ и ќе биде отстапен, исто така на десет години“, рече раководителот Јовица Димковски од Општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)