118 кумановци не носеле маска изминатото деноноќие

По однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (13.01/14.01.2021) евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 149 лица не ја почитувалe, од кои  во Куманово – 118, во Крива Паланка – 26 и  во Кратово – 5. За граѓаните кои што не носеле заштитна маска на лицето иако е задолжителна, ќе следуваат соодветни мерки.

За потсетување, казната за непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето изнесува 20 евра во денарска противвредност, односно 10 евра во денарска противвредност доколку казната се плати на лице место или во рок од осум дена.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)