12 – годишна успешна приказна на „Порака наша “

„Програмата што се спроведува во дневниот центар за лица со умерена и тешка интелектуална попреченост „Порака наша“, а се однесува на вештините за самостојно живеење во поголем дел е усвоена и веќе работиме на усвојување на работни вештини“ , рече дефектологот Фросина Симоновска, по повод 12 годишното постоење и успешно фукционирање на дневниот центар во Куманово.

-Ние веќе работиме на усвојување на работни вештини затоа што сметаме дека нашите корисници треба да ги пласираме на пазарот на трудот, и тоа работиме да ги пласираме на пазарот на труд на отворен пазар на труд , а не во заштитни работилници. Нашиот предизвик во годините кои што доаѓаат  е токму тоа, да поработиме на последната алка од процесот на рехабилитација, а тоа е процесот на вработување, изјави Фросина Симоновска, дефектолог во Порака наша

Дневен центар претставува социјално сервисна служба во местото на живеење каде што покрај згрижување вработените обезбедуваат едукација, социјализација и рехабилитација на корисниците. Освен што се реализира годишната програма, Порака наша годинава е вклучена во два Еразмус проекта, а има добиено уште еден меѓународен проект за наредната година.

-Сметаме дека од непроценливо значење се токму ваквите проекти, размена на добри практики и искуства од земјите членки на ЕУ. Ќе продолжиме и понатаму да работиме на професионална рехабилитација бидејќи сметаме дека тоа е иднината . Нашите корисници се возрасни лица кои што мора да излезат од ваква социјална сервисна служба и да станат активни и независни граѓани на нашата заедница, изјави Симоновска.

Дневниот центар за лица со интелектуална попречност над 18 години е отворен на шести декември во 2006-та година во соработка со Општина Куманово. „Порака наша“ со вкупно 21 корисник функционира и денеска и претствува една успешна приказна во нашата заедница.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)