12-ти Меѓународен тамбурашки фестивал

Традиционално по 12-ти ќе се одржи меѓународниот тамбурашки фестивал. На двете фестивалски вечери кои ќе се одржат викендов, во петок и сабота ќе настапат неколку тамбурашки оркестри од Македонија и земјите од соседството, соопштија на денешната прес конференција првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски и претседателот на Фондацијата за култура и спорт, Нино Величковски.

Првата фестивалска вечер ќе ја отворат Трио Гранде Плус од Квадарци, а гостин ќе биде Бубо Каров од к15, група Амадеус и Игор Васиљков. По нив ќе следи гостинскиот тамбурашки оркестар Бранко Радичевиќ од Рума Република Србија, ансамблот на Здравко Ќосиќ од Бања Лука со Радмила Смиљаниќ.

-Овој пат ќе имаме до сега најбројни оркестри, сите наши сограѓани ќе можат да следат програма со толку членови кои бројат над 20 члена, освен ние кои имаме околу 5 -истакна Величковски.

Втората вечер ќе ја отворат Наши тамбураши со Нино Величковски, Ивона Јовановиќ и Мартинијан Кириловски, додека вториот дел од вечерта ќе биде посветен на словенечката музика со настапите на тамурашките оркестри Шмартно од Литија и Цирковице, од Словенија

-Преку ова манифестација градот се етаблира на картата на тамбурашките фестивали ширум Балканот и пошироко како, општина  која е единствен од ваков вид на музика во Македонија. Ги повикувам сите граѓани љубители на тамбурата во петок на свеченото отворање-нагласи Дамјановски.

Меѓународниот тамбурашки фестивал се одржува со поддршка на градоначалникот и советот на општина Куманово, и Министерството за култура , кои одвоија 600.000 денари. Фестивалот ќе се отвори во петок во 20 часот  и 30  минути.

 

Коментари

коментар(и)