13 нови случаи на КОВИД-19 во Куманово, едно починато лице

13 новозаболени кумановци од КОВИД -19 и едно починато лице регистрира министерството за здравство во изминатото деноноќие.

На ниво на државата, евидентирани се 465 нови случаи, 20 починати лица и уште едно лице дополнително пријавено преку Мој термин. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 92 реинфекции.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 9.699.

Во Куманово активни се 412 случаи.

Коментари

коментар(и)