Шахпаска: Успешен проектот „ Интегрирано водење на случаи“

„Центарот за социјална работа во Куманово е една успешна приказна на имплементација на проектот „Интегрирано водење на случаи“ . Од вкупно 17.800 корисници на услугите и правата во центарот, интегрирано се водат околу 13.000 случаи“, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска , по средбата со директорката на Меѓуопштинскиот центар,  Александра Арсовска.

-Овој нов начин на работа на водење на прашањата од сферата на социјалата дава резултати затоа што граѓаните кога припаѓаат кон центрите и поднесуваат барања за материјалните права ги добиваат услугите на многу пократок рок, меѓутоа истовремено и социјалните услуги кои ги водат стручни работници, претходно поминале обука и кои се квалификувани да одговорат на она што претставува „Интегрирано водење на случаи“. Во услови на пандемијата, Центарот се реорганизирал во начинот како на пократок начин ќе ги доближи услугите до граѓаните, односно со воведување на шалтерска работа за да ги заштити своите вработени, но и барателите на правата и услугите во центарот овозможува брзо примање на документите, брзо процесирање, електронска проверка на сите документи неопходни за стекнување со некое право или услуга и на тој начин го олеснува пристапот на граѓаните до правата. Говорам за права затоа што во услови на пандемија, ова е особено значајно да го олесниме пристапот на граѓаните кои се најранливата категорија на граѓани, изјави Јагода Шахпаска.

Со почетокот на учебната година се зголемиле и барањата за образовен додаток кој е дополнителен составен дел, освен гарантираната минимална помош во домаќинствата. Бројот на деца кои веќе ќе го добиваат овој образовен додаток е два и пол пати поголем отколку што беше пред појавата на пандемијата, рече Шахпаска, додавајќ идека течат и сите останати парични права.

-Зголемен е бројот на приматели на помош и нега од друго лице затоа што како одговорна Влада со воведување на 15 комисии кои одлучуваат во сите региони во државата го олеснуваме пристапот до ова парично право. Она што е значајно и сакам да ја пофалам директорката и вработените во центарот тоа е интегрираниот начин на водење на случај. Испорачуваме еден нов начин на работа во сферата на социјална заштита која помага граѓаните полесно да ги добиваат овие услуги да се решаваат нивните проблеми и да излегуваат од системот, рече Шахпаска.

„Суштината на социјална реформа не значи да регуритирате поголем број на граѓани на кои им е потребна социјална помош, туку луѓето да ги вадите од сиромаштија и да ги оспособите да добијат нови квалификации за да можат да излезат конкурентно со останатите граѓани на пазарот на трудот“, потенцира министерката Шахпаска.

Коментари

коментар(и)