14 лица повредени во сообраќајна незгода

Две лица се тешко повредени, а дванаесетмина се здобиле со полесни телесни повреди во сообраќајна  незгода што се случила вчера попладне на  клучката од автопатот Табановце – Куманово . Со тешки повреди се здобиле  возач на патничкото возило „ленд ровер“ и неговиот сопатник , двајцата албански државјани, а во сообраќајната незгода учествувале  уште две возила,  автомобил„  рено лагуна “ со штипски регистарски таблички и автобус МАН со гостиварски ознаки.  Двете лица од џипот по укажаната прва помош во кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје. На останатите повредени лекарска помош им е укажана во општата болница и веќе се пуштени на домашно лекување.

Граѓаните на Куманово сметаат дека непочитувањето на сообраќајните правила и прописи е една од главните причини кои што доведуваат до сообраќајани незгоди , особено во летниот период .

-Младите многу брзо возат, не се почитуваат знаците, ограничувањето на брзината, изјави анкетиран граѓанин.

-Казните треба да се поригорозни, можеби тогаш возачите но и пешаците ќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, изјави друг анкетиран граѓанин.

Увид во сообраќајната незгода извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Истрагата допрва ќе утврди која била причината за директниот судир на возилата во синоќешната незгода. Во тешката сообраќајка причинета е поголема материјална штета.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)